Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.
Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утре во западните делови ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од југозападен, а во петок на повеќе места од јужен правец.
Од четврток дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот.