Околу 400 смртни случаи месечно од коронавирус се предвидувањата за Македонија за следниот период. Според прогнозите на страната Institute for health metrics and evaluation за Македонија, до 1 ноември бројот на смртни случаи од Ковид-19 во земјава ќе изнесува 1.629.
Ваквите податоци се добиени по анализа на досегашните случувања со коронавирусот во земјава и дневниот биланс на заболени и починати лица.
Од почеток на епидемијата со Ковид-19 во земјава починати се вкупно 422 лица. Бројот на заболени надмина 9.000 лица, со што прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче дека во земјава бројот на случаи позитивни на вирусот нема да биде поголем од 2000-2.5000, се покажаа погрешни.
Ваквите анализи и прогнози покажуваат дека Македонија во следниот период ќе се соочи со зголемен број на смртни случаи, односно на месечно ниво се прогнозираат смртни случаи од вирусот колку што досега, за период од 5 месеци, има во земјава.
Во октомври, на дневна основа се прогнозираат во просек над 20 смртни случаи.
Рапидно зголемен број на починати и заболени лица од коронавирус ќе има во Македонија доколку продолжи oлабавувањето на рестриктивните мерки со што бројката ќе достигне до 1.800 починати пациенти. Ова е едно од трите сценарија кое го подготвија експерите од Институтот за здравствени мерења и проценки од Универзитетот Вашингтон во Сиетл кое е објавено пред речиси една недела.