вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Изјавите на Заев, Димитров и Шилегов упатени кон Софија се “после свадба – тапани“

Изјавите на Заев, Димитров и Шилегов упатени кон Софија се “после свадба – тапани“

Во пресрет на се поизвесното вето од страна на Бугарија за отпочнување на преговорите за влез во Европската Унија, власта во Македонија почна да ретерира од претходните позиции и на јавноста во однос на односите кон соседите. Имено Заев сега тврди дека позициите на Бугарија не се ниту е добрососедство, ниту е братство, ниту најмалку е европски.

Вицепремиерот Димитров, пак тврди дека напуштил состанок на кој се негирал македонскиот народ, а Шилегов дури и гостуваше на бугарска телевизија во кој говорел за улогата на Бугарија во окупацијата на Македонија и нејзините врски со нацизмот. Но, ваквите позиции на власта беа поинакви до пред месец дена, иако бугарските негаторски ставови во врска со македонскиот јазик и македонскиот народ се познати веќе подолг период.

Но токму Заев, Димитров и Шилегов и покрај најавите и негациите од Софија ја убедуваа јавноста до пред извесно време дека со договорите за добрососедство идентитетот е забетониран и никогаш никој повеќе нема да го оспорува.

-Успеавме прашалниците за тоа кои сме дали сме Македонци, дали зборуваме македонски јазик да ги затвориме. Тие сме. И успеавме да изградиме пријателство со три држави со кои имаме деликатни односи историски, изјавуваше Димитров.

-Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишаа во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа,  велеше Заев.

Од друга страна пак градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во 2017-та година на 13 Ноември денот на ослободувањето на градот воден од насоките на централната власт не спомена ниту збор за тоа кој бил фашистичкиот окупатор во Скопје во време на Втората светска војна и против кого се бореле македонските партизани.

Сегашните изјави на власта, може да се рече дека доаѓаат како “после свадба – тапани“ .

Најнови вести