четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракачанов го фали Заев и го нарече “Бугарин на кој му доаѓа паметот“ (ВИДЕО)

Каракачанов го фали Заев и го нарече “Бугарин на кој му доаѓа паметот“ (ВИДЕО)

„По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“.

Ова во изјава за новинарите го истакна бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој го нарече Бугарин македонскиот премиер Зоран Заев, оценувајќи дека му доаѓа паметот. Оваа оценка ја даде по скандалозното интервју на Заев во кое тој ја распарчува македонската историја за да им се додворува на политичари како Каракачанов.

Во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја, па дури и со доза на потсмев говори на тема Македонија.

Целата негова изјава можете да ја слушнете во видеото во продолжение:

После Борисов, Заев да биде премиер на голема Бугарија

Заменикот-претседател на Народното собрание на Бугарија, Веселин Марешки, кој пред неколку дена го привлече вниманието со заложбата за обединување на Бугарија и Македонија, со што „браќата“ автоматски ќе влезеле во Европската унија, излезе со нов предлог.

-Сега Борисов како повозрасен, поискусен, да си остане премиер, а Заев да дојде да стане вицепремиер. Борисов порано или подоцна ќе се повлече од премиер, па Заев може да стане премиер на Обединета или на Голема Бугарија, како што ќе решиме да ја наречеме. Да се обединиме од двете страни на барикадите, нашите бугарски сонародници од другата страна на границата со тој акт ќе станат членови на Европската унија и на НАТО. Сè ќе се врати во нормала. Нема да има спорови“, изјави лидерот на партијата Волја, коалициски партнер на владеачката ГЕРБ на Борисов, во интервју за тамошната телевизија БТВ.

„Ние сега во среда подготвуваме една декларација што сакаме да ја прочитаме во името на бугарскиот парламент како подадена рака. Да, сега тоа сигурно изгледа можеби не многу реалистично, но под претпоставка дека луѓето го посакуваат, нереалистично изгледаше и обединета Европа, нереалистично изгледаше и да сме членки на НАТО, но сега сме членки и на едното и на другото. Мислам дека тоа е еден правилен пат. Тој е добар за Бугарите од двете страни на границата. Сметам дека треба да го избереме тој пат“, порача уште Марешки.

Најнови вести