Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува.
На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.