Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира за состојбата откако на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче информираше дека по појава на случај на Клиниката ќе биде тестирано цело одделение
-По најавата дека се прават тестирање на коронавирус на сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото одделение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира дека овие рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба се завршени и резултатите на децата и родителите се негативни на Ковид-19, информираат од Клиниката.
Следно, превентивно ќе се направат и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите од истите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира.