Неколку здравствени работници од Клиника за нефрологија се позитивни на коронавирус. Од нив има двајца доктори кои се заразени, еден во изолација, две сестри позитивни на КОВИД-19 и еден техничар. Според информациите од самата Клиника не се знае како се заразиле, но очигледно Клиника за нефрологија е нов кластер на КОВИД-19.
Здравствениот систем во Македонија брои заразени и во своите редови, со што се намалува капацитетот на медицинскиот персонал. Според податоците на македонскиот Институт за јавно здравје, околу 1.000 здравствени работници се заболени од КОВИД-19 од почетокот на епидемијата од кои седум починале. А, над 800 здравствени работници се водат за оздравени.
Здравствените работници секојдневно апелираат за помош и опрема, бараат соодветна заштита од министерството за здравство. А, заразени се затоа што не се соодветно опремени. Сето тоа е поради недостаток на опрема спрема препораките за различните нивоа на ризик. Исто така недостасуваат информации и обука за соодветно користење на опремата.