петок, 5. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Колку граѓани биле вакцинирани во текот на вчерашниот ден?

Колку граѓани биле вакцинирани во текот на вчерашниот ден?

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 462.211 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 295.780 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.418 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 8.792 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани.

Со последните бројки 51 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Најнови вести