петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лекарската комора ќе постапи согласно законот во случајот со директорката на Клиника за кожни болести

Лекарската комора ќе постапи согласно законот во случајот со директорката на Клиника за кожни болести

За докторката, директорка на Клиниката за кожни болести која не ги почитувала препораките на здравствените власти да се јави на преглед по доаѓање од патувања од Италија, Лекарската комора преку своите органи ќе постапи во согласност со законските прописи, статутот и подзаконските акти по што јавноста ќе биде информирана, информираа денеска од Лекарската комора.

Оттаму истакнаа и апелираа докторите и медицинскиот персонал да ги почитуваат дадените препораки како од Светската здравствена организација, така и од здравствените власти во Македонија.

-Докторите на медицина и другите здарсвтвени работници да ги почитуваат и да се придружуваат додадените упатства во целина. Лекарската комора апелира докторите на медицина и сите здравствени работници да се однесуваат како што доликува на докторската професија, одговорно и разумно, како и да ги почитуваат дадените препораки, упатства и насоки, истакнаа од Лекарската комора.

Најнови вести