Мајката која што со своето четиримесечно бебе веќе извезно лежат на Инфективната клиника во Скопје, после реакцијата на клиниката истата за Курир појаснува дека нејзината реакција се однесувала на нејзе бидејќи иако истата е негативна на „Ковид-19“, истата веќе 11 дена ја лечат со антибиотик, бидејќи нема добиено никаков одговор од персоналот на Инфективна.
-Барав одговор за терапијата која јас ја добивам 11 дена, ме третираат со антибиотик а сум негативен пациент на „Ковид-19“ и никој ме нема известено зошто?, вели зачудено Александра Ѓеоргиева.
Таа вели дека и покрај тоа што два пати била тестирана, денеска и бил направен и трет тест.
-Исто изјавуват дека ми е земен втор брис денеска а не е точно, земаа ми брис кога не примаа истиот ден, минатиот вторник мислам 14 беше провери и денеска ова е трет, додава таа.
Ѓеоргиева исто така додава дека нејзината реакција се однесувала на нејзе и нејзиниот третман, а не за третманот на бебето, притоа дообјаснувајќи дека е задоволна од услугата на докторката педијатар која што се грижела за нејзиното бебе.
А министерот се огрди од тоа прашање и одговори за третманот на моето бебе за чиј третман од педијатарот и самата изјавив дека сум задоволна и дека е единствена докторка која ме упатуваше во случајот, вели за Курир мајката на четиримесечното бебе Александра Ѓеоргиева.