петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија брои повеќе починати (26) од оздравени (24) пациенти за еден ден, вкупно 1136 смртни случаи

Македонија брои повеќе починати (26) од оздравени (24) пациенти за еден ден, вкупно 1136 смртни случаи

Македонија се полошо се справува со коронавирусот. Секојдневно земјава урива нови црни рекорди по бројот на загубени животи од Ковид-19.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека во изминатите 24 часа починати се вкупно 26 лица, што е највисок број досега.

Починатите лица се четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Од почеток на епидемијата, Македонија регистрира вкупно 1.136 смртни случаи од коронавирус.

Она што е забележително е што во изминатото деноноќие регистриран е поголем број на смртни случаи од оздравени пациенти. Министерството вчера информираше дека за оздравени се водат само 24 лица.

Според последните информации од Министерството објавени вчера, направени се 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на Ковид-19.

Скопје-392, Куманово-51, Дебар-6, Штип-18, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-10, Велес-48, Битола-36, Охрид-31, Кавадарци-22, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-21, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-32, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-12, Делчево-12, Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-20, Ресен-8, Неготино-14.

Бројот на активни случаи изнесува 15.589 од кои најголем дел се во Скопје, 7.114.

Најнови вести