среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија нуди олеснети услови за влез на бегалците од Украина

Македонија нуди олеснети услови за влез на бегалците од Украина

Во контекст на последните случувања поврзани со Украина, на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешната редовна, 19-та седница, ја усвои Информацијата за состојбата со граѓаните на нашата држава во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање на украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.

Согласно одлуката на Владата, специфични државни институции на Северна Македонија се задолжуваат во најскоро можно време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза.

Дополнително, на украинските државјани кои се затекнати во Северна Македонија и кои заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина, ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава, додека за тие кои ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез и без обврска за поседување негативен ПЦР тест за КОВИД-19 во Северна Македонија, поради хуманитарни причини.

Најнови вести