Овој народ ќе ви покаже како се љуби татковината, како се сака Македонија. Македонецот, Албанецот, Босанецот, Турчинот, Ромот, Влавот, Србинот, сите, еден до друг ќе се борат за својата Македонија. Онаа Македонија којашто ја сонувале, онаа Македонија која ги израснала, онаа Македонија во која тагувале, се радувале и онаа Македонија во која најверојатно ќе ги завршиме нашите животни патишта, пишува Мицкоски во својата објава на Фејсбук.
15 јули е таа раскрсница кога сите ние гордо и достоинствено треба да си ја исправиме нашата Македонија!, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по неговата денешна посета на општина Ѓорче Петров