понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Македонија тоне, народот не гледа перспектива- од денес почнувам со посети на терен, да го чујам гласот на народот затоа што заслужува подобро

Потребна е нова сила за Македонија. Нова надеж за Македонија. Народот заслужува подобро. Македонија заслужува подобро, секој град и село заслужуваат подобро. Луѓето во нив заслужуваат подобро. Македонија која ќе донесе донесе радост, среќа и подобра иднина, заклучи Мицкоски.
Мицкоски: Македонија тоне, народот не гледа перспектива- од денес почнувам со посети на терен, да го чујам гласот на народот затоа што заслужува подобро

Во изминатите 10 месеци видовме како Македонија стагнира во сите области. Нема проекти, нема нови идеи, нема работа, ниту пак реформите кои самите ги ветуваа сега ги реализираат. Ништо не се работи, ниту создава. А не се работи затоа што имаме неспособност во секое поле. Неспособност да се зајакне економијата, неспособност да го унапредат земјоделието, да ги реформираат здравството и судството, да обезбедат поквалитетно образование, неспособност да ја придвижат Македонија кон Европската Унија.

Ова денес го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој најави дека од денес тргнува во теренски посети за да го чуе гласот на народот.

-Таквото однесување претставува коцкање со иднината на сите граѓани, а Македонија не смее да си дозволи уште една загубена генерација. И додека Македонија тоне македонскиот граѓанин едвај врзува крај со крај. Тоа мораме да го промениме. Јас во периодот кој следува, почнувајќи од денес огромен дел од моето време ќе го посветам на теренските посети, во непосредна комуникација и разговори со граѓаните. Ќе бидам присутен во секој град, во селата, населбите, улиците, во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ да го чујам гласот на народот, да разговараме за иднината на државата, затоа што Македонија заслужува и мора подобро. Салонската политика е едно, а вистинската слика лежи меѓу обичниот народ, помеѓу граѓаните, истакна Мицкоски.

Тој порача дека на Македонија и треба млад и способен кадар и дека земјава нема време за чекање.

– Македонија нема време за чекање, не смееме да дозволиме уште една генерација да загубиме. На Македонија и треба нов, млад и способен кадар. ВМРО-ДПМНЕ има кадар, има програма која се подготвува од домашни и странски експерти. Потребна е нова сила за Македонија. Нова надеж за Македонија. Народот заслужува подобро. Македонија заслужува подобро, секој град и село заслужуваат подобро. Луѓето во нив заслужуваат подобро. Македонија која ќе донесе донесе радост, среќа и подобра иднина, заклучи Мицкоски.

Најнови вести