На 27-ми април можеше да биде поинаку ако имаше разум кај пратениците на СДСМ, ДУИ и сите оние кои го поддржаа тој насилнички гест кога господинот Талат Џафери беше избран за таканаречен претседател на Собранието. Доколку постоеше и малку елементарна различност за она што тие го направија, тогаш немаше да дојде до ова и можеше да се избегне тоа што се следуваше, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на МРТ.
-Целата вина во тој момент и целиот револт кој беше предизвикан кај народот беше предизвикан поради оној недемократски, насилнички чин за избор на претседател на Собрание на Република Македонија, рече Мицкоски.
Во партијата, рече Мицкоски, се водат дебати и за нивните следни чекори, јавноста наскоро ќе биде информирана.