Владимир Милчин во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ, Бекир Асани од ДУИ го нарече насилник заради тоа што неодамна удри полицајка во Скопје.
–Кај нас разочарува тоа дека некаков насилник кој е на врв на партија на ДУИ ја натепал или ја удрил, ма не морал да ја удри, доволно е да ја испцуе полицајката. Настрана што е женско во прашање. Кој е тој вид на силеџиство, истакна Милчин.
Тој очекува власта да го заташка случајот бидејќи Османи како човек кој собира данок и е близок до врвот на власта ќе биде толериран со што ќе нема никакви санкции за него.
–Мислам дека нема да има санкционирање на овој случај . Се работи за човек кој е очигледно ако не е член, формално на врвот, тој е веднаш тука до врвот. Тој им е потребен инаку зошто би го толерирале. Човекот е познат како човек кој е собирач на данок. Според тоа, не очекувам апсолутно ништо да му се случи. Да не има никаква постапка , да се истумба работата да се направи една вербална акробатика за тоа дека било вака или онака. Претпоставувам дека нејзе и е кажано дека подобро е работата да се смири затоа што кој знае какви последици може да има, констатираше Милчин.