Според информациите кој стигнаа до нашата редакција, изминативе 2 месеци во Министерството за труд и социјална политика повеќе вработени се заболени од Ковид 19.
Дополнително загрижува фактот што повеќе вработени се сместени во една канцеларија односно во една канцеларија има и по 10 вработени , во помалите канцелари сe по 3-4 вработени.
Кој ќе превземе одговорност доколку се случи некоја поголема трагедија ?
Менаџментот на министерството наместо да се грижи за правата и здравјето на работниците во време на пандемија, тоа ги крши мерките и препораките од Владата кои се на сила и во кој се нотирани начинот на функционирање на институциите во време на пандемија.