сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МЗ: 67 проценти од новите случаи и 85 проценти од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

МЗ: 67 проценти од новите случаи и 85 проценти од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

Од 6 август заклучно со вчерашниот ден на територија на државата вкупно 66.857 граѓани се позитивни, од тестирани на КОВИД-19. Од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.

Според статистика на Министерството за здравство за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67 отсто од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Од Министерството соопштија дека е голем бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 85 отсто, додека само 15 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

-Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 23 декември на територија на државата починале 2.362 лица со КОВИД-19, 1.850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21 процент примиле вакцина, соопштија од МЗ.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, и апелира до граѓаните да се вакцинираат. Само така, како што посочија, ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Најнови вести