Универзитетскиот професор д-р Александар Нацев, кој важи за добар познавач од областа на безбедноста, во своето гостување во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека не очекува воената состојба во Украина да предизвика дестабилизација на Балканот.
-Може да има некоја рефлекција, особено во енергетската криза, зошто сме зависни од рускиот гас. Во делот на воени дејствија сме далеку, исто и од бегалската криза. Нема опасност овие случувања да се прелеат на Балканот, рече рече Нацев.
-Советот за безбедност заседавше кај претседателот Пендаровски, слушнавме дека безбедносната состојба се очекува да остане стабилна во Македонија, но сепак треба да се оддржи едно одредено ниво на внимателност и претпазливост. Лично не очекувам тие дестабилизаторски бранови да стигнат на Балканот, истакна Нацев.
Во продолжение погледнетего целото гостување на Нацев: