четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 15.100 активни случаи на коронавирус, за два дена 49 починати лица

Над 15.100 активни случаи на коронавирус, за два дена 49 починати лица
МИА

Министерството за здравство вчера соопшти дека по направени 2.730 тестирања, регистрирани се 642 нови случаи на Ковид-19, починале 25 лица, а оздравени се 524 пациенти.

Од новодијагностицираните најголем број се во Скопје 321, а со двоцифрена бројка се и Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22 и Охрид – 20.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 329 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Од Министерството за здравство информираат и дека поради зголемениот број пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и Ковид – центарот на Клиниката за пластична хирургија.

Во тек е вакцинација против Ковид-19 на здравствените работници. Според податоците објавени на сајтот kovid19vakcinacija.mk , досега против Ковид се вакцинирани 6 142 здравствени работници, а вкупно пријавени граѓани за вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk се 111.014.

Сто македонски новинари утре во Врање ќе имаат можност да се вакцинираат против коронавирусот, а потоа и да се ревакцинираат.. Веста ја потврдија од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ а вакцинацијата е на молба на Здружението на новинари на Србија (УНС) по барање на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 119 378. Бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати  3 473, а бројот на активни случаи изнесува 15 131.

Најнови вести