среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најнова информација за граѓаните кои ќе патуваат од 1 септември, се размислува за ПЦР тестирање на граница

Најнова информација за граѓаните кои ќе патуваат од 1 септември, се размислува за ПЦР тестирање на граница

Македонските државјани кои ќе се затекнат на граница од 1 септември натаму, а не се вацинирани или немаат ПЦР – тест ќе мора да одат во седумдневна изолација, но властите најавуваат дека би можело повторно да се разгледа оваа мерка.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе се размисли за тоа дали може вакви тестови да се прават на самата граница при влез во државата.

Меѓутоа тоа, како што рече, најмногу зависи од кадарот, бидејќи тие се ангажирани за вакцинацијата на граѓаните.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека за ова министерството ќе излезе со дополнителен став.

Најнови вести