Оставени сами на себе, граѓаните од сите страни на Република Македонија деновиве преживуваат пекол. Пекол во вистинска смисла на зборот.
Пожарите беснеат, уништуваат се пред себе и се голема закана за секој од нас. Народот со голи раце си ги брани животите и имотите, а премиерот си уживаше на луксузен одмор. По острите критики, денес одлучи да се врати да види каква е состојбата, но многу задоцни.
Не се пожарите единствената мака на македонскиот народ во моментов. Годишен одмор за некого е мисловна именка, секој ден граѓаните тонат во сиромаштија, живеат во тешка криза на повеќе полиња. Враќањето на Заев е лицемерно и дрско, бидејќи ако толку се грижеше не смееше ниту да помисли да замине во најтешкото. Сега дојде одморен да глуми загрижен премиер. Предоцна!
„Секој човек има право на одмор“, ќе рече премиерот, но јавноста е бесна што неговиот одмор е токму сега, во една од најголемите катастрофи која ја зафати земјата по пандемијата, а неговата влада само што прогласи нова кризна состојба на целата територија. И македонските граѓани имаат право на одмор, но не можат да си го дозволат.
Додека државата се соочуваше со криза од невидени размери, опасност која уште се заканува, беше сведок на слики од насмеаниот премиер од плажа.
Заев е познат по својот луксузен начин на живот. Неговиот возен парк чини цело богатство, а често оди и на луксузни патувања. Од таму е сосема јасно дека и овој одмор го платил превисока сума која граѓаните не можат ниту да си ја замислат.
Дезертирањето на одмор среде кризна состојба Заев го прави предавник за кое треба да одговара. Заев побегна од својот народ кога му е најтешко. Кога Македонија гори, кога се загрозени имоти и животи на граѓани, Заев како премиер и половина влада избегаа на одмор, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Срамно и бедно. Заев и министрите се платени од народот да му служат, да ги решаваат нивните проблеми и да им ја гарантираат безбедноста, сопственоста и животот. Заев како премиер е најодговорен и затоа треба да биде во Македонија кога од пожарите се загрозени села и градови. Тоа што прогласија кризна состојба, ги оставија граѓаните да голтаат чад и да се спасуваат како знаат, а во исто време Заев и пола влада да пијат коктели на одмор е кукавичлук, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Неспособноста е добро позната особина на власта на Заев, ама сега гледаме дека немаат ни срам ни перде. Никој веќе не бара одговори од Заев и неговата власт. Народот бара одговорност“.