среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Зголемен бројот на нови случаи на коронавирус, за 41% намален бројот на оздравени пациенти

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Зголемен бројот на нови случаи на коронавирус, за 41% намален бројот на оздравени пациенти

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25 до 31 јануари 2021, тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела.

Од Министерството за здравство информираат дека во наведениот период се регистрирани 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18%, или во просек 14%, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=540, 26,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=368; 18,1%), 50-59 (n=365; 17,9%), 30-39 (n=374; 18,4%) и 20-29 (n=251; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=41; 2,0%) и 10-19 години (n=97; 4,8%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Најнови вести