четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Немаме кој да нé лечи: На илјада граѓани во земјава немаме ниту еден доктор

Немаме кој да нé лечи: На илјада граѓани во земјава немаме ниту еден доктор

Се влошува ситуацијата со катастрофалното справување со пандемијата која е најголем товар на здравствените работници и кадар, земјава иако одамна кубури со докторски кадар, проценката покажува дека Македонија на илјада жители нема ниту еден доктор.

Додека во дел од земјите од Европа како во Франција, Шпанија, па и во соседна Србија медицинските работници во текот на пандемијата на протести ги искажуват проблемите со кои се соочуваат особено недостатокот од медицински кадар, па бараат владите да реализираат вработувања во здравството за да се  внесе свеж кадар во борбата со пандемијата, во земјава сите се свесни дека има огрмен недостаток на медицински кадар и се помалку доктори.

Според вршената анализа од страна на светскиот Конзорциум „Deep knowledge group“ за моменталната состојба на бројот на доктори во здравствениот систем, Македонија има нула доктори на илјада жители.

За разлика од другите земји од регионот меѓу кои Црна Гора со 3 доктори на илјада жители, Србија со 3 доктори, Босна и Херцеговина со 2 доктори, Грција со скоро 5 доктори, Хрватска со 3 доктори, Романија со 3 доктори на илјада жители, иако најголем дел од овие земји имаат поголема популација од Македонија, далеку се подобри во бројката на присутни доктори, па по тоа и подобра здравствена заштита за граѓаните во овие земји.

Владата иако најавуваше неколку пати дека ќе ги зголемува приходите на здравствените работници, освен зголемувањето на почетокот на годината и тоа од 5% до сега во текот на цела пандемија, не само што не ги стимулираше докторите во борбата против КОВИД 19, туку ветувањата на Владата за 100.000 денари плата за специјализантите осамна само на гол пи-ар, кој впрочем не само што не помага во целава ситуација со пандемијата, туку е причина плус за револт од страна на докторите и останатите медицински работници во земјава.

Ваквиот недостаток од медицински кадар пред сé се должи на лошите услови во кои работат медицинските лица, намалената мотивација која се должи на недоволните мерки од страна на власта за стимулирање на трудот особено во тек на пандемија, па поради тоа и огромниот одлив на доктори кои сметаа дека во другите земји од Западна Европа нивниот труд би бил повеќе ценет, а и приходите од вршење на докторската дејност многу поголеми отколку кај нас. 

 

Најнови вести