Најмалку 90 новозаболени од коронавирус се регистрирани во текот на изминатите 24 часа, неофицијално објавува Канал 5 телевизија.
Според последните информации, во изминатото деноноќие регистрирани се и шест смртни случаи.
Вицепремиерот Бујар Османи утрово предупреди дека денеска бројката на новозаразени е уште повознемирувачка и апелира да се почитуваат мерките на претпазливост.
Институтот за јавно здравје вчера информираше дека се регистрирани 62 случаи на коронавирус.
Во Македонија, од вкупниот број на заболени лица (2.226 позитивни лица на Ковид-19), најмногу случаи има во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес.