Времето утре за време на празникот Богојавленије Водици во земјава ќе биде наутро студено, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Во четврток времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта кон петок во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе засилува.
Во петок времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено наутро и претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови од земјава, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност, студено и ветровито. На места ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.