За жал, Македонија е на врвот во регионот по број на смртни случаи и достигнува рекорди во регионот по новозаболени, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, откако Македонија во изминатите денови белиежи црна статистика во справување со коронавирусот и е вистински „шампион“ во однос на сите во регионот и пошироко.
Тоа не може да биде новата нормалност, тоа е новата катастрофа за Македонија.
Одговорноста има име.
Филипче е виновен!
Заев е виновен!, пишува Николоски во својата Фејсбук објава.