вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовски потврди: И тој заедно со Заев ќе замине од функција

Николовски потврди: И тој заедно со Заев ќе замине од функција

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва во емисијата „21Анализа“ потврди дека кога ќе се ефектуира оставката на Зоран Заев, и тој ќe заминe од функцијата во партијата.

Николовски кажа дека функциите во моментов се најмала грижа, туку дека се работи на зголемување на мнозинството во Собранието.

Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот, и да не се вратиме во време на страв и на реваншизам против кое се боревме – изјави Николовски во гостувањето на ТВ21.

Најнови вести