понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ниски температури низ цела Македонија: Каде е најстудено, а каде има снег?

Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со  појава на утринска слаба магла, како и со мала облачност.
Ниски температури низ цела Македонија: Каде е најстудено, а каде има снег?

Најстудено утрово е во Берово, минус осум степени, а во Крушево се измерени максимални два степена.

Според УХМР, минус шест е во Скопје Петровец, минус пет во Струмица, Битола, Маврово, Тетово, Гевгелија и Демир Капија, минус четири во Охрид, Крива Паланка, Скопје и Штип, минус три во Прилеп и Дебар, минус два во Охрид, Претор и Лазарополе, минус еден во Виница и Дојран, нула во Ѓуриште и Пожаране, а еден степен е во Тополчани.

Висината на снежната покривка до осум часот е четири сантиметри во Пожаране и три во Маврово.

Преку ноќта беше ведро, тивко и студено. Изутринава е сончево, тивко  и студено. По котливите е магливо, само на повисоките места и на планините има слаб ветер со од променлив правец.

Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со  појава на утринска слаба магла, како и со мала облачност. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен северен ветер со променлив праве. Масималната температура ќе достигне од 7  до 15 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко со слаба магла и максимални 10 степени.

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на  дневните температури  По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Од петок се очекува извесно зголемување на облачноста и опаѓање на дневната темпертура. За наредниот викенд следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Најнови вести