сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нови 55 случаи на коронавирус, нема починати лица

Нови 55 случаи на коронавирус, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 644 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје– 38, Битола– 6, Куманово– 5 , Прилеп– 3, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции.

Регистрирани сe 55 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 4, Куманово и Кавадарци – по 2, Тетово, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 644 тестови: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-23, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-50, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-6, Биотек-15, Систина-9, лабораторија Лаор-1, Синлаб-27, Ремедика-8, Плодност-1, Генеа-4, Никоб Лаб-10, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 297.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.201 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

Најнови вести