петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нови 73 случаи на коронавирус, починаа две лица

Нови 73 случаи на коронавирус, починаа две лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.194 тестови, а регистрирани се 73 нови случаи на КОВИД-19

Во Скопје – 45, Битола – 9, Охрид и Кочани – по 4, Кавадарци – 3, Тетово – 2, Куманово, Велес, Гостивар, Свети Николе , Крива Паланка и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (73), регистрирани се 7 реинфекции.

Регистрирани сe 66 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (92г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (79г) починато во домашни услови. Пријавеното лице е починато на 15.05.2022.

Направени се 1.194 тестови преку: ИЈЗ-175, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-24, Биотек-33, Систина-34, лабораторија Лаор-18, Синлаб-16, Ремедика-13, Плодност-9, Генеа-14, Никоб Лаб-88, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-12, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 529.

Досега во земјата се направени вкупно 2.062.933 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.418, бројот на оздравени пациенти е 302.668, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Најнови вести