вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нови 779 случаи на коронавирус, починати четири лица

Нови 779 случаи на коронавирус, починати четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.613 тестови, а регистрирани се нови 779 случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 345, Битола – 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и Македонски Брод – по 3, Пробиштип и Крушево – по 2, Делчево, Берово, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (779), регистрирани се 173 реинфекции.

Регистрирани сe 477 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола и Куманово – по 33, Прилеп, Кавадарци и Тетово – по 22, Велес – 19, Струмица – 16, Охрид – 14, Гостивар – 9, Штип – 6, Кичево – 5, Кочани – 4, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 3, Демир Хисар, Берово и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (80г и 89г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.

Направени се 1.613 тестови преку: ИЈЗ-239, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-58, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-37, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-45, Биотек-59, Систина-52, лабораторија Лаор-14, Синлаб-7, Ремедика-7, Плодност-16, Генеа-8, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-7, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 695.

Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353, а бројот на активни случаи изнесува 4.136

Најнови вести