среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Обилни врнежи од дожд и засилен ветер

Обилни врнежи од дожд и засилен ветер

Променливо облачно и ветровито време. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Снег ќе има само на највисоките врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.

Утринските темератури ќе се движат од 0 до 6 степени, додека дневните ќе бидат од 4 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе биде 13 степени.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои претпладне во северозападните делови ќе бидат пообилни. Снег ќе има само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2. Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места.

Најнови вести