четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обилни врнежи од дожд со грмежи и силен ветер, утре снег и на пониските места

Обилни врнежи од дожд со грмежи и силен ветер, утре снег и на пониските места

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринските температури во земјава ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните дневни во интервал од 1 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура е 9 степени.

Метеоролозите за утре најавуваат променливо облачно и студено време со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а на пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува.

До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник. Снежната покривка, особено во западните делови ќе се зголемува.

Најнови вести