сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Облачно со дожд, локално поројни врнежи со грмежи

Облачно со дожд, локално поројни врнежи со грмежи

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 8 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне 16 степени.

Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Утре локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.

Најнови вести