За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, ќе дува засилен ветер од јужен правец, на повеќе места над 60 километри на час, и ќе се задржи релативно топло време, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег.
Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.