сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од коронавирус во Македонија досега починаа 1.664 мажи и 971 жена

Од коронавирус во Македонија досега починаа 1.664 мажи и 971 жена

Од почетокот на коронакризата во земјава по компликации од ковид-19 починаа 2.635 лица, а најголем дел, 2.074 се на возраст над 60 години, стои во статистиката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Регистрирани се 1.664 смртни случаи кај лица од машки и 971 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.951 (81,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (1.527), дијабет (685) и белодробна болест (307).

Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 22 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 161 (6,1%) починале во вон болнички услови, а 2.473 (93,9%) починале за време на хоспитализација.

 

Најнови вести