Под влијание на влажна и нестабилна маса денес попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.