петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Отворен ковид центарот на Клиниката за кожни болести, примени првите пациенти

Отворен ковид центарот на Клиниката за кожни болести, примени првите пациенти

Ковид центарот на Клиниката за кожни болести од денеска е ставен во функција и примени се првите пациенти со компликации од КОВИД-19.

Во текот на утрешниот ден ќе биде отворен и ковид центарот на Клиниката за неврологија, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Во врска со бројот на хоспитализирани од Министерството посочија дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид – центрите, во изминатите 24 часа вкупно се хоспитализирани 579 лица.

Од нив 177 лица се хоспитализирани во Скопје (на Инфективната клиника – 79, во ГОБ 8 Септември – 67, на Институтот за ТБЦ – 31), а 402 лица во останатите градови.

Најнови вести