недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Падна словачката влада за скандал со набавка на вакцини, но Заев и Филипче се уште не се даваат

Падна словачката влада за скандал со набавка на вакцини, но Заев и Филипче се уште не се даваат

Деновиве по медиуми излезе вест во јавноста дека словачкиот премиер Игор Матович и целата негова Влада поднесоа оставки со цел да ја ублажат политичката криза предизвикана откако се откри дека тајно набавиле вакцини против КОВИД-19 од рускиот производител.

Со оваа вест во македонската јавност произлезе прашање дали министерот за здравство Венко Филипче и Владата ќе го следат тој чекор и тие исто ќе постапат, бидејќи нивната неспособност има влијание врз здравствениот систем во државата но и се одразува по животите на македонските граѓани.

Скандал со набавка на кинески вакцини, барање на провизии за набавување на истите преку фантом фирми, неспособност да се набават вакцини против КОВИД-19 со што македонските граѓани отидоа во соседството за да се вакцинираат, полни болници, немање доволно кревети, тоа е низа од скандалите со кои што македонското здравство се соочува, но министерот за здравство Венко Филипче од крајот од денот во изјава за медиуми само ќе каже – „Состојбата во Македонија е под контрола“.

Но, во Европа тоа така не е, Словачка е првата европска влада која паѓа поради пандемијата. Коалициските партнери на Матович ќе останат како дел од владата, за да се избегне организирање на нови предвремени парламентарни избори. Претседателката на земјата, Зузана Чапутова ги прифати оставките и мандат за формирање на нова влада му даде на досегашниот министер за финансии, Едуард Хегер. До политичката криза во словачката влада дојде откако на почетокот на март беше обелоденето дека преку таен договор владата договорила да набави 2 милиони дози од руската вакцина „Спутник В“. За овој договор не биле известени коалиционите партнери на Матович, па под нивни притисок тој прифати да даде оставка од премиерското столче.

Оставка и одговорност од министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев бара и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Сликата на македонското здравство е поразителна. Според проценките околу 10 илјади граѓани заминаа за соседна Србија за вакцинирање. Луѓе кои цел свој живот плаќаат здравствено осигурување, сега беа приморани да бараат спас во друга држава.Вакцините кои стигнаа во Македонија се само една капка во морето. За кого попрво тие вакцини? Се уште не се имунизирани здравствени работници, доктори, сестри, болничари, лаборанти, фармацевти, стоматолози и луѓе кои работат во здравството. Вакцини чекаат и повозрасните граѓани, чекаат и хронично болните. Ваквата катастрофална состојба во здравството е резултат единствено на неспособноста на Филипче и Заев кои наместо грижа за граѓаните и организирање на системот си се возат безгрижно со мотори, уште и бесрамно си се сликаат, вели Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција одржана на 29.03.2021.

Најнови вести