Во скоро време беше донесена одлуката да им се дозволи на ноќните клубови да работат, но јас апелирам таа одлука да се укине до Нова година и повторно да им се забрани на ноќните клубови да организираат забави, рече микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на Канал 5.
-Ноќните клубови се практично биолошки бомби за ширење на коронавирусот. Младите луѓе можеби нема да се заразат, но голема е веројатноста болеста да ја донесат дома и да се заразат повозрасни луѓе. Исто така, сметам дека треба сите луѓе во затворен простор да носат заштитни маски. Освен во продавници и во трговски центри, луѓето кои влегуваат во разни други установи одбиваат да стават маска на лицето. Тие сметаат дека членови на една иста фамилија и дека нема потреба да носат заштитни маски, а всушност тие луѓе ја шират болеста. Затоа, апелирам до луѓето да не се групираат, а ако веќе мора да се групираат, тогаш да носат заштитни маски и да држат дистанца, вели д-р Пановски.