четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешев: Високата стапна на смртност во државата е одговор дека мерки не биле доволни

Пешев: Високата стапна на смртност во државата е одговор дека мерки не биле доволни

Стопанственикот Антони Пешев во своето гостување во емисијата 24 анализа зборуваше за економската и здравствената криза предизвика од КОВИД-19 каде рече дека Македонија има висока стапка на смртност и тоа покажува дека здравствениот систем не одговорил онака како што се очекувало и дека мерките не биле доволни. Тој во своето гостување посочи дека изборите не донеле олеснување на функционирањето Парламентот и не донеле олеснување на одлуки.

-Македонија има висок број на починати на милион жители, многу блиску до сите највисоките позиционирани држави. Ние сме на 20 место по бројот на умрени на еден милион жител во светот во овој момент и тоа значи дека нашиот здравствен систем не одговорил како што очекувавме и втората работа не биле мерките кои ги имавме на почетокот доволни затоа што си дозволивме луксуз да мерките ги пресече со еден период на прилично комотно однесување. Она што го правеше техничката влада и ова што го прави сегашната влада не се разликува многу освен тоа што оваа влада има повеќе врзани раце, него таа претходната. Сега гледаме дека изборите не донеле олеснување на функционирањето Парламентот и не донеле олеснување на одлуки, истакна Пешев.

Најнови вести