среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По срамното сместување во ужасните услови, Шекеринска се премисли- лицата од Пеплиште ќе бидат преместени

По срамното сместување во ужасните услови, Шекеринска се премисли- лицата од Пеплиште ќе бидат преместени

Лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак,  во текот на денешниот ден ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, соопшти Министерството за одбрна.

– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени, се истакнува во соопштението.

Инаку вчера во јавноста се појави и скандалозно видео од сместувањето на лицата кои дојдоа преку граничниот премин Деве Баир.

Музичари од Битола кои се враќале од Австралија се дел од околу 200-те патниците кои вчера допатуваа во Македонија преку граничниот премин Деве Баир, откако не им беше дозволен влз во Србија од Унгарија.

Иако властите најавија дека сите лица ќе бидат сместени во групен карантин во касарната во Пепелиште и за тоа се обезбедени услови, деветте музичари тврдат дека само тие се наоѓаат на касарната.

Членовите на оркестарот синоќа преку социјалните мрежи објавија видео во кое ги споделуваат нивните искуства за тоа во какви услови се сместени истакнувајќи дека се сместени во студени простории, креветите и перниците не се чисти, а низ просторијата шетаат црви и други инсекти.

Најнови вести