четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Подваријантата на омикрон регистрирана во Македонија, заразени 5 лица

Подваријантата на омикрон регистрирана во Македонија, заразени 5 лица

Пет случаи позитивни на подваријантата „стелт oмикрон“ биле детектирани во Македонија, дознава НоваТВ.

Секвенционирањето на примероците, во кои бил детектиран BA.2 сојот, било извршено во приватна лабораторија во Скопје.

-Неофицијално, еден од случаите, кој бил и првиот детектиран „стелт“ во земјава, во епидемиолошката анкета потврдил дека со подваријантата се заразил преку социјализација во земјава и тој не патувал надвор од границите на Македонија. Оттука, останува се поставува прашањето колку долго подваријантата „стелт омикрон“ циркулира во Македонија, пишува порталот.

Најнови вести