понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Попладне дожд, на планините снег – Утре снежна покривка и на пониските места

Попладне дожд, на планините снег – Утре снежна покривка и на пониските места

Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено во текот на ноќта и утре претпладне.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од -6 до 3 степени, а дневните во интервал од пет до максимални 10 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе биде 5 степени.

Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Најнови вести