понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Потврдени нови 4 случаи на коронавирус, починат еден пациент – активни 351 случај

Потврдени нови 4 случаи на коронавирус, починат еден пациент – активни 351 случај

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани – по 1.

Регистрирани се 68 оздравени пациенти од Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (80г), починато во болнички услови.

Направени се 3.074 тестови преку: ИЈЗ-54, ЦЈЗ Скопје-19, ЦЈЗ Битола-51, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово–45, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-204, Авицена-299, Биотек-415, Систина-99, лабораторија Лаор-273, Синлаб-0, Ремедика-73, Плодност–99, Генеа–72, Никоб лаб-528, ВФВ Медикал-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 770.

Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.

Најнови вести