Со последните 24 тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се осум нови случаи. Од новоокриените два се во Гостивар, а шест во општина Врапчиште.
Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, два се регистрирани во селото Добри Дол, четири во Неготино Полошко, а два се во градот. До денеска на поширокото гостиварско подрачје има дваесет активни случаи (девет во општина Гостивар и 11 во општина Врапчиште). Во најмалубројната општина Маврово и Ростуше изминатава недела нема регистриран заболен и нема активни случаи.
Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 438 тестирања, а од нив 41 лице имаа позитивни резултати. Најмногу се во општина Врапчиште 20, во Гостивар 19 и два во Маврово Ростуше. Досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица.
Од последици на Ковид -19 во гостиварско починаа три лица.