петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повеќето клиники стануваат ковид центри, а Филипче порачува граѓаните да бидат спокојни и да ги почитуваат мерките

Повеќето клиники стануваат ковид центри, а Филипче порачува граѓаните да бидат спокојни и да ги почитуваат мерките

Министерот за здравство Венко Филипче попладневно имаше работен состанок со директорите од Клиниките на УКЦ „Мајка Тереза“ и ГОБ 8 Септември, во Скопје, соопштуваат од Министерството.

На состанокот се разговарало за моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал.

-Системот е целосно организиран, се обезбедуваат дополнителни болнички кревети за ковид пациенти. Иако повеќето Клиники стануваат ковид центри продолжува да тече редовниот програм за итните случаи и пациентите со малигни заболувања, стои во соопштението од МЗ.

Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни, министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните.

-Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници – порачува министерот.

Најнови вести