вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе се врши БЕЗ ДОЗВОЛИ

Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе се врши БЕЗ ДОЗВОЛИ

Владата на денешната 72. седница ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.

-На денешната седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Република Северна Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји, информира владината прес-служба.

Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи. (МИА)

Најнови вести