среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приватните превозници ги тргнаа автобусите поради посетата на Штајнмајер, велат рокот за договор е четврток

Приватните превозници ги тргнаа автобусите поради посетата на Штајнмајер, велат рокот за договор е четврток

Приватните превозници вчера доцна попладне ги тргнаа блокадите од крстосницата кај „Мавровка“. На ваков чекор се одлучила поради посетата на претседателот на Германија кој во земјава пристигнува денеска.

-Со оглед на информацијата од МВР дека доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, изјави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

– Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени, вели Јовановски.

Најнови вести